Посета на манастирот на свети Сава Ерусалимски во Детроит (06.07.2007)
На 30 јуни оваа година, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј беше во посета на манастирот на свети Сава Ерусалимски во Детроит. Манастирот е под јурисдикција на Неговата Светост Патријархот Максим од Бугарската Православна Црква. Митрополитот Методиј оствари средба со Архимандритот Пахомиј, посети неколку објекти во манастирскиот комплекс и се запозна со историјатот на манастирот.