Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Опело на тргично загинатите младенци во тетовското село Вратница (02.08.2007)

Опелото на трагично загинатите младенци во тетовското село Вратница го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошкокумановски г.Кирил. На опелото посмртна проповед одржа Владиката Кирил. Тој не можеше да ја сокрие неговата архипастирска тага за децата кои трагично загинаа. Во проповедта упати и неколку пораки околу воскресението на мртвите и за човековата душа во небесната Црква: „Црквата преку верата во Бога најповеќе може да нѐ утеши и охрабри преку зборовите на светиот апостол Павле кој вели: ако не воскреснеше Христос залудна е нашата вера и проповед. Христос воскресна и сите еден ден ќе воскреснеме за нов духовен живот. Овие евангелски зборови сите ние сме должни длабоко да ги носиме во нашите срца бидејќи тие се Божја светлина за нашето спасение.

Примете сочувство од Неговото Блаженство г.г Стефан и Господ нека им дарува рајски наслади на нивните ангелски души.“

Длабоко сочуство испратија и иселениците од САД кои живееле во селата Старо село, Раотинце и пошироко во останатите места во Тетовско. Телеграмата ја прочита Неговото Високопреосвештенство г. Кирил. Потоа, г. Кирил се помоли и на местото каде се случила тешката собраќајна несреќа во која животот го загубија четворицата момчиња: Новица од Старо село, Небојша од Старо село, Ивица од Детроит (САД) и Бобан од Раотинце.

 

известува: о. Синиша Ристовски