Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Света Литургија во гостиварското село Зубовце на празникот света великомаченичка Марина (Огнена Марија) (02.08.2007)

Божествената Литургија на празникот на светата великомаченичка Марина во гостиварското село Зубовце ја отслужи архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Боге Богојески. По Божествената Литургија традиционално на овој ден се одржуваат повеќе венчавки кои ги благословува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко - кумановски г. Кирил.

Оваа година на денешниов празник Владиката Кирил ја благослови брачната двојка Самоил и Радојка Јаковлески. Младоженецот е син на познатиот бизнисмен г. Мане Јаковлески. Инаку, Владиката со ова семејство има долгогодишно пријателство. Венчавката беше одбележана со сите обичаи кој се застапени во гостиварскиот регион и во духот на православната вера.

Владиката благословувајќи го бракот на идната брачна двојка им посака многу радост, рожби и успех во телесното и духовното живеење.

 

              

 

известува: о. Синиша Ристовски