Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Во посета на Осоговскиот манастир (08.08.2007)

Вчера, на 07.08.2007 год. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г-дин Кирил го посети епархискиот резиденцијален манастир на св. Јоаким Осоговски, заедно со гости од САД, меѓу кои беа протоереј ставрофор Томе Стаматов, свештенослужител во црквата на св. Петар и Павле во Краун Поинт, Индијана со протопрезвитера Рада, г-дин Томас Трајков, голем дарител и покровител на МПЦ со сопругата Гордана и ќерката Ангела и младенците Гоце и Катерина Петровски. Во манастирот во тек беше одржувањето на кампањата “Здравје за сите“, бесплатни лекарски прегледи за населението, под водство на директорот на Медицинскиот центар во Крива Паланка д-р Мери Тасковска.

 

 

            

 

 

 

            

 

известува: о. Александар