Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чикаго (10.08.2007)

Во вторникот, на 7 август 2007 год., во црквата на преподобна маченичка Параскева (Петка) во Чикаго беше одржано бдение. На бдението присуствуваше и Амбасадорот на Р. Македонија во Вашингтон - Неговата Екселенција др. Зоран Јолески со семејството. На богослужбата со нашиот парохиски свештеник Стојан Стојанов сослужуваше и свештеникот од црквата на светите Кирил и Методиј од Хинсдејл, Илиноис - отец Рубинчо Ацески. Важно е да се спомне дека црковниот хор беше збогатен со диригентот и членовите од катедралната црква на Руската Задгранична Црква посветена на Покровот на Пресвета Богородица од Дес Плејнс, Илиноис. Тие имаа многу убави впечатоци од нивната прва посета на македонскиот православен храм. Иницирана е плодоносна соработка меѓу нашите две цркви: за време на соединувањето на РПЦ и РЗПЦ, при отсуство на нивниот диригент, на бденијата во катедралната црква на РЗПЦ за празниците Оддание на Воскресение, Вознесение Христово, саботното Бдение и пренос на моштите на Свети Никола, нивниот хор го водеше нашата диригентка С. Лазареска.

По прекрасната двоиполчасовна служба беше приредена трпеза на љубовта каде што сите заедно го продолживме празнувањето на споменот за Преподобната маченичка Параскева.