Панихида по повод трагично загинатите бранители на Република Македонија во месноста Карпалак (13.08.2007)
На ден 08.08.2007 година, кога Црквата Божја го слави споменот на преподобната маченичка Параскева (Петка) во месноста Карпалак, на патот Тетово - Скопје беше отслужена панихида за загинатите бранители на Република Македонија. Панихидата ја отслужија свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво, а во присуство на претставници од Владата на Р.М., здружението на бранителите од град Прилеп, иселениците од САД, како и голем број верници кои сакаа да се поклонат и положат букет цвеќе пред спомен-плочата на загинатите.
Известува: о. Синиша Ристовски