Божествена Литургија во Марков манастир (скопско) (16.08.2007)
На денот кога Светата Црква го слави споменот на пренесувањето на моштите на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во манастирот на светиот великомаченик Димитриј (Марков манастир), Божествена Литургија отслужи свештеномонахот Теофил (од црковната општина на светите Кирил и Методиј од Дортмунд), во сослужение со о. Дејан Трајков и ѓаконот Горан Стојчевски. На Божествената Литургија присуствуваше Митрополитот Европски г. Пимен.
Фото: Преминпортал