Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Берово (28.08.2007)

Денес, на празникот на Успението на Пресвета Богородица, во манастирот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Берово, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит струмички г. Наум. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. На манастирската слава покрај многубројниот народ присуствуваа и претседателот на Р. Македонија, г. Бранко Црвенковски и премиерот на Владата на Р. Македонија, г. Никола Груевски.

 

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување - ‘безмолвие на умот’, оддалееност од светот, заборав на сè земно и стремење кон Божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бога.“ (Свети Григориј Палама)

 

 

 

                                          

 

 

 

                                          

 

 

 

        

 

 

 

                                                               

 

 

После Божествената Литургија беше осветена и свечено отворена новата зграда на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово.