Парастос во месноста Бриони во село Челопек (29.08.2007)
На 26. 08. 2007 година се одржа парастос за браќата наши Светислав и Боге од село Челопек кои маченички пострадаа за време на конфликтот во 2001 година. Инаку тие беа врзани за еден од столбовите од ресторанот во месноста Бриони кај Челопек и целосно разнесени со динамит. Токму на овој ден се потсетуваме на 6 години од смртта на овие наши браќа. Во присуство на голем број роднини и пријатели ги посетивме нивните гробови и се помоливме на местото на настанот.
Бог нека ги прости и нека им е вечен споменот!
Известува. о. Синиша Ристовски