Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на нова црква на светите жени мироносици - Струга (03.09.2007)

На 02. 09. 2007 година, денот кога Православната Црква го празнува споменот на св. пророк Самуил и на св. маченици Севир и Мемнон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот на свети Наум Охридски, архимандритот Арсениј, сите свештеници од Струшкото архиерејско намесништво, свештеникот Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓаконот Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија, изврши осветување на новата црква посветена на светите жени мироносици, на градските гробишта во Струга.

          

                               

 

 

 

                  

 

 

 

                                                         

 

 

 

                 

 

 

 

                 

 

 

 

                                                            

 

  После чинот на осветувањето беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија. Кон верниот народ, кој беше присутен во огромен број, Митрополитот Тимотеј се обрати со поучно слово тематски поврзано со неделното Евангелие, за свадбата на царевиот син. „Господ Исус Христос дошол за да го спаси севкупниот човечки род, а тоа значи дека поканата ја упатил кон сите, па и кон нас... Но, се поставува прашањето: дали сите ние сме достојни да седнеме на трпезата Божја? Каква облека имаме, дали е тоа свадбена или не? Потребно е да се потрудиме што побрзо да ја очистиме нашата душа од сите наши недостојни душевни мани и недостатоци; да се молиме милостивиот Бог да ни ја дарува благодатта на Светиот Дух, искрено да се покаеме и со солзи покајни да ја измиеме нашата душа, а со тоа и нашето свадбено облекло да биде светло и чисто, и така на поканата да можеме да одговориме позитивно и да појдеме на царското веселие во Царството Небесно и достоинствено и радосно да седиме на царската трпеза а не да го доживееме она што го доживеал оној без свадбена облека од денешното свето Евангелие, односно да бидеме фрлени во крајната темнина.

            Осветувајќи ја денес оваа црква на Струшките градски гробишта да се помолиме Господ, на сите што помогнаа да се направи овој свет храм, на живите да им подари живот и здравје, а на покојните вечно царство и да се најдат на свадбената веселба во прегратките на Небесниот Отец наш. Амин!”

 

Известува: о. Игор Никовски