Честитка до новоизбраниот патријарх на Романската Православна Црква (18.09.2007)
ДО НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО
Г. Г. ДАНИЕЛ,
НОВОИЗБРАНИОТ ПОГЛАВАР НА
РОМАНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
БУКУРЕШТ
Ваша Светост,
Братољубиво го искажуваме Нашето сорадование по повод Вашиот избор за патријарх на сестринската Романска православна црква и Ве молиме да ги примите Нашите најискрени честитки од името на Македонската православна црква со сиот црковен клир и верниците, молитвено посакувајќи Ви спасоносно раководење со Вашата Света Црква.
Ја искажуваме Нашата огромна радост бидејќи Семудриот Бог, Кој раководи со сè, Ве возвеличи и Ве постави на престолот на Романската црква.
Во Вашето богољубие гледаме христоподобен архипастир којшто евангелски ќе постапува во сè и кон сите.
Очекуваме дека ќе продолжат контактите и соработката на Вашата светост и Романската православна црква со нашата Света Македонската православна црква, за радост на двете Цркви и целата православна екумена.
Долгоденствујте, свјатејши Владико!
П О Г Л А В А Р НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г.г. Стефан