Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Поставување камен-темелник на православен храм на свети Наум Охридски во Тринген, Швајцарија (22.09.2007)

Македонската православна епархија за Европа по повод 40-годишнината од возобновувањето на Македонската Православна Црква и 15-годишнината од основањето на црковната општина „Св. Наум Охридски“, денеска организира централна прослава во рамките на која ќе биде поставен камен-темелник за храмот на свети Наум Охридски во Тринген, Швајцарија.

Како што соопшти Агенција за иселеништво, со Ссветата Архиерејска Литургија ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил и надлежниот Митрополит Европски г. Пимен. При поставувањето на камен-темелникот беседа ќе одржи г.г. Стефан, а присутните ќе ги поздрават претседателот на Македонската православна црковна општина „Св. Наум Охридски“ Богдан Коцев.

На овој свечен настан ќе присуствува и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Васил Наумов.