Вечерна богослужба (24.09.2007)
Во чест на Рождество на Пресвета Богородица во манастирот на св. Георгиј во с. Дељадровци, скопско, надлежниот Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свешстенослужители отслужи Вечерна богослужба. Откако го објасни значењето на празникот на своите верници како и содржината на празничниот тропар нагласи дека младите луѓе треба повеќе да изразат љубов кон Татковината, кон образованието, како и кон својата света Православна вера. Честитајќи им го на сите празникот нагласи дека заминува службено во Р. Швајцарија и дека нема да може да биде на утренската Света Литургија.