Нова црковна општина на Македонската Православна Црква во Риека, Хрватска (27.09.2007)
На 30.09.2007 год., во Риека, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Европски г. Пимен, ќе отслужи Архиерејска Божествена Литургија, со која ќе назначи отворање на нова Црковна општина на Македонската Православна Црква во Хрватска.
Новата Црковна општина во Риека ќе биде посветена на светите цар Константин и царица Елена.
Известува: Стојанка Тежак