Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одржано собрание за формирање на МПЦО „Светите цар Константин и царица Елена“ во Риека (29.09.2007)

Денеска на 29 септември 2007, кога Црквата Божја ги прославува светата великомаченичка Ефимија и преподобниот Доротеј Мисирски, со благослов и со присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен во Риека се одржа основачко Собрание за формирање на Македонската Православна Црковна Општина „Светите цар Константин и царица Елена во овој град.

На основачкото Собрание присуствуваа голем број на верници од Риека и од околината. За претседател на МПЦО Св. цар Константин и царица Елена едногласно е избран г. Илија Христодулов. За членови на Управниот одбор на МПЦО во Риека едногласно беа предложени и прифатени од страна на присутните: протоереј Кирко Велински – парохиски свештеник на МПЦ за Република Хрватска, госпоѓа Вера Рибариќ, г. Милан Карашов, госпоѓа Спасена Младенова, госпоѓица Ивона Дуноски, госпоѓа Васа Ливајиќ. До новоизбраниот Црковен Управен Одбор пристигнаа и бројни телеграми и честитки од: Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Република Македонија м-р Звонко Муцунски, потпретседателот на ЕУО на МПЕ за Европа г. Васко Шопов, претседателот на Советот на Македонското национално малцинство за град Загреб г. Анастас Саша Оџаклиески, г-ѓата Јагода Тренеска Цветичанин од МКД Браќа Миладиновци Осиек и претседателот на Македонско национално малцинство за град Риека и новоименуваната претседателка на МКД Илинден од Риека госпоѓица Ивона Дуноски.

 

 

         

 

Известува: о. Блажо Кожарски