Архиерејска Божествена Литургија во Риека (01.10.2007)
Со Архиерејската Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот европски г. Пимен, во сослужение со протоереј-ставрофор Блажо Кожарски од Малме (Шведска), секретар на МПЕ, и парохискиот свештеник во Хрватска протоереј Кирко Велински, се роди уште една Црковна општина на Македонската Православна Црква во Риека “Св. цар Константин и царица Елена”.
Покрај Македонците коишто пристигнаа од цела Хрватска на овој свечен чин, присутни беа и претставниците на сите Црковни општини во Република Хрватска, претставниците на Амбасадата на Република Македонија и бројни јавни личности. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Светата Литургија г. Пимен го пресече славскиот колач.
Известува: Стојанка Тежак