Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Во црквата на св. Атанасиј во с. Глоѓи, тетовско (14.08.2007)

На ден 14 август 2007 год. (вторник) во црквата на свети Атанасиј во с. Глоѓи - Тетовско беше прославен празникот на светите Седум маченици Макавејски. 

Света Литургија отслужи парохискиот свештеник Перица Бојкоски во сослужение со архиерејскиот намесник протојереј-ставрофор Мирко Станковски, а во присуство на голем број верници од с. Глоѓи и пошироко. По Литургијата беше извршен мал Водосвет и пресечени беа славските колачи принесени од кумовите.

Во црковната трпезарија беше приредена братска трпеза на љубовта.

Прославата продолжи со културно-уметничка програма. Инаку овој празник е патронен празник на селото кој се празнува од 1863 година со обновувањето на оваа црква.

 

 

              

 

Подготвил:

свештеник Синиша Ристоски