Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на трпезарија при црквата на св. Теодор во с. Јанчиште (тетовско) (22.09.2007)

Денес,  22 септември  (сабота)  2007 лето Господово, со архипастирски благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит полошко-кумановски Кирил, архиерејскиот намесник протојереј-ставрофор Мирко Станкоски и парохискиот свештеник Дарко Наумоски  во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од с. Јанчиште и пошироко го извршија црковниот чин осветување на импозантна црковна трпезарија при црквата на св. великомаченик Теодор  Тирон во с. Јанчиште – Тетовско.

Идејата за изградба на црковната трпезарија потекна од црковниот одбор, а истата ја  поддржаа сите браќа и сестри кои живеат во с. Јанчиште, како и сите богоблагословени македонски синови и ќерки кои живеат и работат во прекуокеанските земји: САД, Канада, далечна Австралија, Западноевропските држави и ширум сите меридијани од земјината топка. Во контекст на кажаното изразуваме срдечна благодарност кон сите дарители и спонзори кои парично или материјално ја помогнаа изградбата на црковната трпезарија.

На 6 октомври 2002 година  беше положен и осветен камен темелникот на оваа трпезарија, за во оваа јубилејна 2007 година и да ја осветиме, токму кога прославуваме 40 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

На 6 октомври 2002 година  беше положен и осветен камен темелникот на оваа трпезарија, за во оваа јубилејна 2007 година и да ја осветиме, токму кога прославуваме 40 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

Веднаш потоа присутните беа поканети на заедничка братска и сестринска трпеза на љубовта.

 

 

                        

 

 

Подготвил: архиерејски намесник протојереј-ставрофор Мирко Станкоски