Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во Стокхолм, Шведска (10.10.2007)

Во предвечерието на празникот посветен на Соборот на сите македонски светии, кој се слави во првата недела од месец октомври, по покана на иницијативниот одбор за формирање на црковна општина во Стокхолм, Кралство Шведска, Митрополитот европски г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник протоереј ставрофор Евтин Велкоски и епархискиот секретар протоереј ставрофор Блажо Кожарски отслужи вечерна богослужба. На вечерната богослужба присуствуваше броен верен народ.

 

 

       

 

 

На крајот од вечерната, Митрополитот ги поздрави присутните верници и им беседеше за значењето на овој празник, како и за тоа дека  сите ние треба да се угледаме на ова мноштво македонски светители, и по нивниот пример и молитви да си ја сочуваме верата и да ја посведочиме насекаде онаму каде што нè има, за да се видат добрите дела наши и да се прослави нашиот Отец Небесен.