Завршени градежните работи на црквата на свети Никола во Виндзор, Канада (20.10.2007)
Со прекрасното хортикултурно уредување пред влезот на црковната сала заврши последната фаза со која се комплетираат градежните работи на надворешноста на овој голем верски, општествен и кутурен објект вреден повеќе од два и пол милиони долари.
Притоа многу важно е да се напомене дека Македонците од Виндзор и оклината со многу пожртвувана доброволна работа и лични донации го изградија овој центар без да направат големи долгови према банките. Од многуте донации ќе ги издвоиме последните две: доградбата на две влезни настрешници во вредност од над 50.000 долари, донација на Ѓорѓи и Поца Алабакис; и уредувањето на влезот од големата банкетна сала, донација на Менде и д-р Елизабета Талески од околу 30.000 долари.
По тој повод беше организирана членска вечера на која на поранешниот претседатал Стојче Јовановски му беше доделена наградата за животно дело.
Во оваа прилика, актуелниот претседател Менде Талески под чие водство сегашната управа направи вистински препород во оваа Црковна општина, со нескриено задоволство ги информираше членовите за постигнатите успеси како и за наредните плановите.
Парохискиот свештеник протојереј-ставрофор д-р Александар Мустеников им се обрати на присутните членови со овие зборови:
“Драги браќа и сестри, кога вака домаќински се работи, кога вака се води сметка и мудро се инвестира, како свештеник не можам да го скријам задоволството и радоста за она што се постигнува. Нашата црква во Виндзор стана пример за сите меѓу нашите македонски цркви на овој континент. Верувајте, нашата црква во Виздзор преку вашата голема љубов, предаденост и почит кон Црквата, и во иднина ќе биде знаменосец на македонскиот прогрес во дијаспората.”
Известува: Глигор Стефанов