Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Малме (21.10.2007)

Во петок, 19.10.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен ја посети Амбасадата на Република Македонија во Копенхаген - Кралството Данска. Се запиша во книгата на жалоста отворена по повод смрта на Тоше Проески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Денеска кога Светата Црква ја прославува Преподобна Пелагија, недела 21.10.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европска г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, во соборниот храм на свети Наум Охридски – Малме, Шведска, отслужи Заупокоена Божествена Литургија за покој на душата на Тоше Проески. На Светата Литургија присуствуваа голем број на верници кои се причестија со Светите Христови Тајни.

По Светата Литургија Владиката Пимен заедно со парохискиот свештеник Блажо Кожарски имаше разговор со учениците што посетуваат настава по македонски јазик заедно со нивната учителка Роза Ристевска од Малме.

 

 

        

 

 

 

          

 

Известува: о. Блажо Кожарски