Претставници на помесните Православни Цркви во посета на манастирите во Дебарско-кичевската епархија (25.10.2007)
Во четвртокот на 25 октомври 2007 година, манастирот на свети Георгиј Победоносец во с. Рајчица (дебарско) и Бигорскиот манастир ги посетија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и надлежниот Митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј заедно со Митрополитот варненски г. Кирил (Бугарска Православна Црква) и Митрополитот корчански г. Јован (Албанска Православна Црква). Гостите ги пречека игуменот на манастирите архимандрит Партениј.