Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На денот на света Злата Мегленска (29.10.2007)

На 28.10.2007 година, во чест на светата новомаченичка Злата Мегленска, по повод 15 години од формирањето на Црковната Општина во Загреб, која го носи името на оваа Светителка, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот европски г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник протоереј Кирко Велински.

На Литургијата на која притекнаа верници од Загреб и околината, присуствуваа и голем број од оние кои сакаа уште еднaш да се простат со својот пријател Тоше. Меѓу нив беше и композиторот Мирослав Рус. Во молитвите на Литургија г. Пимен го спомна чедото Божје Тоше. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Потоа, за присутниот народ беше приредена трпеза на љубовта.

 

 

             

 

 

 

         

 

 

 

       

 

Известува: Стојанка Тежак