Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на Осоговскиот манастир (29.10.2007)

На 27 октомври 2007 год. на денот кога Црквата го слави споменот на Преподобната Параскева од Епиват, резиденцијалниот манастир на Полошко-кумановската епархија во Крива Паланка, манастирот на св. Јоаким Осоговски Чудотворец, го посети надлежниот епархиски архиереј, Неговото високопреосвештенство Митрополитот г. Кирил, заедно со членови на бизнис клубот - Вардар од Скопје.

Откако се помолија пред моштите на Чудотворецот, во поздравниот говор Митрополитот истакна дека во овие 40 години од обновата на автокефалноста на МПЦ, а и 40 години од неговото архипастирствување, се изградени голем број цркви и манастири, како кај нас, така и во Северно-американскиот континент, па и во далечната Австралија. Потоа ја разгледаа реновираната камбанарија, како и новоизградената крстилница, за кои Митрополитот рече дека се градат според планот и програмата за развој на манастирот.

Во големата трпезарија на Владичкиот конак, беше поставена братска трпеза на љубовта, која Митрополитот ја подготви во чест на гостите.

 

         

известува: о. Александар