Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Изложба и промоција на делата на Митрополитот американско-канадски г. Методиј (02.11.2007)

На 31.11.2007 г. во 20 часот,  во галеријата „Мала станица“, во рамките на изложбата на визуелна поезија насловена „Санктус“ на Митрополитот Методиј Златанов,  се одржа промоцијата на книгите “Рацин и богомилите“, “Вавилон и Ерусалим“ и “Време“ од истоимениот автор, Митрополитот американско-канадски Методиј. Делото “Рацин и богомилите“ е интегралната магистерска теза на авторот, додека делата “Вавилон и Ерусалим“ и “Време“ се зборници од веќе објавени текстови (написи, колумни, есеи) во различни печатени и електронски медиуми.

„Ова е часот на нашиот труд,  да се одговори позитивно на призивот да се учествува во креативноста на божествениот шестоднев и во бестрасната констатација на Творецот дека сé што е создадено е навистина убаво. Личниот аскетски подвиг на човекот е естетски чин. Спасението е креативен чин. Духовното преображение и растење во светоста е уметност par excellence“, рече отец Методиј.

 

P.S. Нека ти се множат делата Високопреосветен Владико Свет! 

(од редакцијата на сајтот на Македонската Православна Црква)

 

 

   

 

 

 

    

 

Известува: Калина Трпеска