Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Крива Паланка (09.11.2007)

На Митровден, 08.11.2007 година, во градската црква на светиот великомаченик Димитриј, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил благоволи да богослужи Божествена Литургија, заедно со свештенството од Крива Паланка.

Во преполниот храм Владиката го објасни значењето и величината на застапникот и молитвеникот пред Бога, св. Димитриј Солунски мироточив, а  упати и апел до сите верници да ја подржат идејата на свештенството и верните од Крива Паланка за изградба на нова црква во градот. Воедно потсети и дека во текот на минатиот месец само во Тетово се осветени четири новоизградени цркви.

Митрополитот, пред Литургијата, богословoт Александар Стефановски од Крива Паланка, го произведе во чтец. На крајот беше извршен Водосвет, а по Водосветот беа пресечени славските лебови, кои оваа година беа шест, а за наредната година се јавија десет кумови. Од година на година сѐ повеќе се зголемува интересот, а и  бројот на кумовите за црковните слави, како што беше и на Мала Богородица оваа година, во црквата на Рождество на Пресвета Богородица, во манастирот на св. Јоаким Осоговски, кога беа пресечени околу триесетина колачи.

 

   

 

   

Известува: о. Александар