Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветена новоизградената црква во Барово (11.10.2007)

Вчера, на денот на света Параскева Икониска, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан ја освети црквата на свети Никола во скопското село Барово, и потоа отслужи Архиерејска Божествена Литургија.

„Да се радуваме со другите жители на селово во Барово, кои се малубројни, но и со многубројните иселени од ова село и од овој крај“, изјави г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.

„Се радувавме затоа што преосветивме еден древен, средновековен храм кој семејството на Љупчо го возобнови од темел, го препокри, го уреди дворот, изгради камбанарија со камбана и ја врати надежта во ова село, затоа што храмот на големото обележје на ова село продолжува да живее во својата убавина и со намената која ја имал некогаш ќе ја има и сега и да веруваме, во иднина. Дворот што е исполнет со народ говори за радоста на жителите од ова место“, рече г.г.Стефан.

          

Известува: А1 Телевизија