Архиерејска Божествена Литургија во Струмица (27.11.2007)
     Денес, 
на денот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, во 
црквата посветена на овој Светител во Струмица, Архиепископот Охридски 
и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит струмички г. 
Наум и Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј отслужи Архиерејска Божествена 
Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв 
Христови. „Ако 
на телото му дојде духовната радост од умот, таа не бива намалена поради оваа 
врска со телото, туку го преобразува телото и го прави духовно. Тогаш тоа ги 
отфрла сите лоши страсни телесни желби и повеќе не ја влече душата надолу, туку 
заедно со неа се издигнува. Така целиот човек станува дух, како што е напишано: 
Оној што е роден од Духот, дух е. 
(Свети Григориј Палама)        
         
     
         
         