Божествени Литургии во Лос Анџелес (28.11.2007)
Во историјата на Македонската православна црковна општина „Пресвета Богородица“ во Лос Анџелес, ќе се запомнат и деновите од 19 до 26 ноември, кога за прв пат надлежниот архиереј на Американско-канадската македонска епархија, господин Методиј, ја посети нашата црковна општина. Тој заедно со парохискиот свештеник отец Ристо Ристовски и ѓаконот Стеван Бајрактаров, богослужеше Божествена Литургија на 21 ноември на денот на свети Архангел Михаил и во неделата на 25 ноември, на денот на Свети Јован Милостив.
Црквата беше мала за да ги собере сите верници кои дојдоа заедно со својот духовен отец да се помолат на Бога и да Му благодарат што и тие имаа прилика да се запознаат со надлезниот архиереј и да се насладуваат во Богослужбата и разговорите што покасно ги водеа. Иако се далеку со илјади километри од другите сестрински цркви во Америка и Канада, тие го замолија Владиката повторно да им биде гостин и да ги посети поскоро.