Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Монографија за Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил (12.12.2007)

Деновиве излезе од печат монографијата за ликот и делото на Mитрополитот полошко-кумановски г. Кирил, чиј автор е г. Славе Николовски – Катин.

Во оваа монографија авторот се потрудил на најприсен и најнепосреден начин, да ги запознае верниците на Македонската Православана Црква, а и сите други со ликот и делото на еден од творците на поновата историја на Македонската Православна Црква и носител на апостолското преемство, пренесено преку св. апостол Павле и св. Климент Охридскиот Чудотворец, и преку првата генерација на Епископи, меѓу кои припаѓа и Митрополитот г. Кирил до денешни дни.

Во оваа монографија авторот целосно, и аргументирано, и со богата илустрација ни го открива Митрополитот г. Кирил од неговото детство, преку неговиот неуморен и плоден архипастирски живот како Епископ Тивериополски, потоа Митрополит на Македонската православна епархија за Америка, Канада и Австралија, па сѐ до денешен ден како Митрополит полошко-кумановски, кога го одбележуваме јубилејот 40 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија, во лицето на Македонската Православна Црква, што се случи на Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид на 17-ти и 18-ти јули, во далечната 1967 г., како и неговиот личен јубилеј како архипастир во редовите на Светиот Архиерејски Синод во Македонската Православна Црква и еден од потписниците на историската одлука, тогаш како најмлад член на првиот Свет Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.

Оваа монографија сите заинтересирани можат да ја набават во сите храмови на Македонската Православна Црква, а нејзината промоција ќе се одржи во архиепископскиот соборен храм на свети Климент Охридски во Скопје, на 14 декември (петок) 2007 година со почеток во 13 часот.

 

 

Подготвил:

свештеник Жарко Мицковски, професор