Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечени богослужби во чест на свети Нектариј Битолски во Битола (18.12.2007)

“Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го осветлил карејскиот скит, те воспита градот Битола, оче наш Нектариј. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава му на Христа, Кој те прослави, слава Му што те облагодати, слава Му на Оној што преку тебе ни даде нам исцеление” (тропар, глас 1)

 

Лето Господово 2007, 18 декември. Во соборниот храм на свети великомаченик Димитриј во Битола, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со свештеници и ѓакони од битолските цркви, отслужи Божествена Литургија, по повод патрониот празник на градот Битола, свети Нектариј Битолски. На овој прекрасен празник, Битолчани имаа можност, веднаш по завршувањето на Светата Литургија, да ја започнат светата празнична Литија со моштите на светиот новомаченик Агатангел Битолски, по улиците на Битола. По Литијата, кивотот со моштите на Светиот Агатангел Битолски, беше поставен во Соборниот храм на светиот великомаченик Димитриј, каде што верниците со големи поклони и со целив му одадоа почит на Светителите.

 

                           

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

    

 

Кој е Свети Нектариј? 

Богомудриот Битолчанец Нектариј, ги отфрлил насладите на плотта и сите минливи задоволства. Уште од младоста бил обземен со копнеж во душата за Христовиот крст и цврсто го изодил спасителниот пат на Евангелието, а со содејство на Отецот и преку видението на Мајката Божја, се укрепил во Божественото. Па така, овој мудар следбеник Христов го засакал најслаткиот јарем на послушанието врз рамената и се покажал како голем подвижник на смирението. Времето го исполнувал со постојано постење и молитва, а солзите како темјан му ги принесувал на Бога.

Ангелски поживеал во Кареја, богоносниот Нектариј, заедно со светиот Филотеј и Дионисиј; Свети Нектариј подвижнички и рамноангелски поживеал на земјата. Со воздржливост го скротил телото и му го потчинил на духот. Станал искусен исполнител на Господовите заповеди и ја зачувал неосквернета првобитната убавина на образот. Кнезот на овој свет, храбро го победил со подвигот на трпението.

Па затоа, хор од Отци во Битола и на Атос, на небото и на земјата, денес приредуваат празник во твој спомен, оче Нектариј. На небесата во престолнината на праведниците, а на земјата во Битола, твојата родна престолнина, и во Кареја, престолнината на монасите, во која тој припаѓаше во тело.

 

Известува: Весна Апостоловски