Божествена Литургија во Куманово (19.12.2007)
На 19. 12. 2007 год. во соборниот храм Св. Никола во Куманово надлежниот Архиереј Митрополит полошско-кумановски г. Кирил по повод големиот православен празник св. Николај Чудотворец отслужи света Архијерејска Литургија со свештеници и ѓакони од Епархијата. Пред големиот број на верници од Куманово Митрополит г. Кирил појасни за големиот светител Николај кој живеел во златниот период на христијанството а кој бил вистински прав пример и образ на кротоста и смирението за секој христијанин. Неговите свети мошти денес се наодјаат во Бари во Р. Италија а во текот на годината Светата Црква неколку пати го слави и му одава поцит. Посебно оваа година нашава Света Црква скоро на секој голем празник обелезува јубилеји и тоа јубилеи неповторливи: 40 години автокефалност на Македонската Православна Црква, толку години преданост во служба на Светава Црква како Архиереј итн. На певницата пееше Богословскиот хор од Скопје под раковотсво на протопсалт Георгиј. Хорот топло беше пречекан од кумановчани а за прекрасното пеење беше поздравен и пофален од Митрополит Кирил. Потоа се изврши промоција на книга Соборен Храм Свети Никола Куманово од Протојереј Жико Тодоровски а промоцијата ја изврши рецезент протојереј-ставрофор Стојан Јанковски од Скопје. Митрополит Кирил на верниците им препорача дека е пожелно во секој христијански дом да се најде оваа книга.
Известува: протојереј Жико Тодоровски