Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одбележан празникот свети Никола во Прилеп (20.12.2007)

На празникот на Свети Никола, во Прилеп, Митрополитот преспанско-пелагосниски г. Петар отслужи Архиерејска Божествена Литургија. По Литургијата беше организирана манифестација во чест на Свети Никола, кој од минатата година е прогласен за заштитник-светител на Прилеп, а овој ден како слава на градот. Над 60% од верниците во Прилеп го имаат земено Свети Никола за свој заштитник-светител во домот.

 

    

 

 

„Радоста е голема на сите нас и на сите вас, браќа и сестри. Ретко кој град во Македонија вака го прославува и празнува својот заштитник, како прилепчани и се надеваме дека од година во година, се побројно и побројно ќе биде присуството“, изјави митрополит Петар.

„Сакам да упатам апел до сите совети низ целата територија на Република Македонија, по примерот на Прилеп и тие да имаат свој заштитник“, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Извор: А1 Телевизија