Посета на Центарот за деца со посебни потреби и Домот „Сју Рајдер“ во Битола (25.12.2007)
На 18.12.2007 година, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар ги посети штитениците на Центарот за деца со посебни потреби во Битола. Истиот ден Владиката ги посети и болните во Домот за терминално болни “Сју Рајдер” во Битола. На 20.12.2007 година, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар ги додели признанијата “Хуманист на годината” во организација на Здружението на хуманитарните работници на Македонија во хотел “Премиер” - Битола.
Известува: Весна Апостоловски