Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на Рождество Христово - Божик во Гостивар (11.01.2008)

Со Светата Архиерејска Литургија на свети Василиј Велики, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во сослужение со повеќе свештенослужители од гостиварското Архиерејско намесништво, во Гостивар, во преполнетата соборна црква на Пресвета Богородица беше чествуван празникот Рождество Христово – Божик.

            Во текот на оваа Света Архиерејска Литургија, беше извршен чинот на ракополагање во чин ѓакон, на свршениот богослов и теолог г. Трпе Богојески, од раката на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.

            Пред големиот број верни чеда на Македонската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, го прочита и Божикното послание, кое што секоја година, традиционално, до сите свои духовни чеда, го упатува Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.

            Во Гостивар радоста и торжеството за Божик се чувствуваа и во воздухот, а Гостиварчани како и секоја година, па така и годинава ги прережаа славските кумски колачи и како вредни и гостољубиви домаќини приредија празнична братска и сестринска трпеза на љубовта, во чест на Рождеството Христово – Божик.  

 

      

 

      

 

                                                                                Подготвил:

                                     свештеник Жарко Мицковски, професор