Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Водосвет (18.01.2008)

Како и на повеќе места и храмови во Европската епархија така и во храмот посветен на Свети Наум Охридски чудотворец, се изврши голем водосвет со кој началствуваше Митрополитот  г. Пимен со парохискиот свештеник Блажо Кожарски. Зборуваќи за значењето на овој водокрст и денешниот еднодневен пост Митрополитот го потсети верниот народ и на другиот, духовниот сегмент од постот: Светиот Јован крштеваше со покајно крштение а луѓето пристапуваа кон него и ги исповедаа своите гревови, поучете се од нив и не ја отфрлајте исповедта како нешто туѓо на православната црква, туку отворете ги вашите срца и исповедајте ги своите гревови.

 

          

 

          

Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски