Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба (26.01.2008)

Последната вечерна богослужба, во стариот и веќе отуѓен храм посветен на светиот Наум Охридски, во саботата на 26. 01. беше отслужена од страна на надлежниот архиереј на Европската епархија г. Пимен во сослужение со повеќемина свештенослужите од епархијата и гости од Македонија. На вечерната богослужба, од престолот, беа извадени моштите со кои во 1985 година оваа црква беше осветена. Потоа со литија верниците предводени од свештентвото се упатија кон новиот соборен епархиски храм посветен исто така на свети Наум Охридски. По влегувањето во новиот храм, моштите беа положени во светата трапеза. Со тага во срцата што се напушта стариот, но и со неизмерна радост што може веќе да се собира и да се моли на Бога во новиот храм, верниот народ по завршувањето на вечерната служба си чeститаше меѓусебно посакувајќи си што поскоро дозавршување на ова богоугодно дело.