Сеноќно бдение во новата црква на свети Наум Охридски во Малме (30.01.2008)
По големата заедничка желба на верниците и свештенството што подостојно да Mу се благодари на Бога за излиената благодат и за услишувањето на нивните желби да се изгради автентичен македонски православен храм во Малме, Шведска, вечерта на 26.01.2008 г. во касните вечерни часови се отслужи сеноќно бдение. На бдението присуствуваа верници од Малме, но и гости од околните градови и гости од соседните црковни општини од Гетеборг, Копенхаген и Хамбург.