Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Веронаука во црквата во Мичиген (05.02.2008)

Во црквата на Раѓањето на Пресвета Богородица во Мичиген, на часовите по веронаука присуствуваше и надлежниот Митрополит г. Методиј. Инаку, часови по веронаука се одржуваат секој петок во 20.00 часот во самата црква. На присутните им се обрати и надлежниот архиереј г. Методиј посакувајќи им добар успех и напредок во понатамошното школување. На крајот од часот сите дечиња пристапија и си земаа благослов од Владиката.

Исто така, во просториите при црквата се одржуваат часови по македонски јазик и литература и се негува македонското оро и песна во рамките на културно-уметничкото друштво „Танец“, чии членови се дечињата.

За изминатите празници дечињата за да ја запазат православната традиција кршеа и колач со паричка, при што се избра и нов кум за догодина - малото кумче Бежановски.