Vesti i nastani
 
 
 
 
 

До Неговото Блаженство г. г. Ероним, новоизбраниот поглавар на Грчката Православна Црква (07.02.2008)

Ваше Блаженство,

По повод Вашиот избор за Поглавар на Грчката православна црква, од Свое име, како и од името на сиот црковен клир и верниците на Македонската православна црква, ја искажуваме Нашата радост и Ви упатуваме најискрени благопожелби за преуспевање во новодоверената должност.

Семудриот Бог, Кој раководи со сѐ, Ве возвеличи и воздигна на престолот на Атинската архиепископија, поставувајќи Ве за кормилар на “Бродот на спасението” - на Црквата Божја во Грција.

Во Вашата личност, Ваше Блаженство, гледаме христоподобен архипастир, вреден работник на нивата Господова и ревносен исполнител на Христовата заповед: „Јас сум добриот пастир...” (Јован 10, 11).

Веруваме дека, со Божја помош и евангелска љубов, Вие ќе дадете свој придонес кон разрешување на недоразбирања кои постојат во врска со нашата Света Црква, а за радост на двете сестрински Цркви и на целата православна екумена.

Долгоденствујте, блаженејши Владико!

 

 

  

П О Г Л А В А Р  НА

    МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

г.г. Стефан