Архиерејска Божествена Литургија во Виндзор (19.02.2008)
Во неделата, на 17 фебруари 2008 година, на денот кога ги празнуваме Преподобните Исидор Пелусиот и Николај Исповедник, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беше отслужена Света Архирејска Литургија. На богослужбата чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски господин Методиј во сослужение со протојерејот-ставрофор д-р Александар Мустеников и архиѓаконот Стефан Барјактаров. Митрополитот Методиј кој срдечно беше пречекан од стотина парохјани на многу приемчив начин беседаше за митарот и фарисејот. Потоа ги нагласи важноста на простувањето и припремањето за Велигденскиот пост. Отец Мустеников зборуваше за братската љубов и слога кои придонесоа оваа заедница да покаже видлив материјален и духовен напредок. По Литургијата и братската трпеза нашиот Владика ги разгледа новоизгрдените и реновираните објекти и со верниците разговараше за идните планови и иницијативи на оваа црковна општина која всушност е една од најнапредните ви Американско-канадската Епархија.
Текст: Г. Стефанов
Фото: И. Јанчев