Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Петар зеде учество во акцијата „Денот на дрвото - засади ја својата иднина” (13.03.2008)

На 12.03.2008 година, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар зеде учество во акцијата „Денот на дрвото - засади ја својата иднина”. На опожарените ридови над селото Маково и околните села, беа засадени 10.000 садници. Акцијата продолжи и во Централното градско подрачје на Битола, каде што со претставници од Еврејската заедница, беа засадени садници во чест на жртвите на Холокаустот.

 

                           

Известува: Весна Апостоловска