Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на Св. Јован Лествичник во Дортмунд (08.04.2008)

Денес, кога како Црква Христова влегуваме во петтата недела од Великиот пост и ден пред пренесувањето на благата вест од светиот архангел Гаврил, на своето пропатување низ Европската епархија, надлежниот митрополит г.Пимен, благоизволи да богослужи и да проповеда во црковната општина на светите рамноапостоли Кирил и Методиј во Дортмунд, Р. Германија. Во сослужение на пастирот на Дортмундското стадо, игуменот Теофил, Владиката чиноначалствуваше со Боженствената Литургија.

Благодата Божја преку пеењето својствено за македонските манастири кое сега е пренесено во оваа Црковна општина благодарение на својот пастир, ги разнежни срцата на верниот народ собран на Светата Евхаристија околу својот епископ и причестен со Телото и Крвта Христови. Верниците Литургијата ја доживеаја како пеење на хор на ангели и богослужење на мноштво јерајси…

Зборувајќи за значењето на делото на свети Јован Лествичник за спасението на секој оној кој што се труди да се искачи скала по скала нагоре кон спасението по скалата (лествицата) која ни ја остави светиот Јован Лествичник како патоказ кон животот вечен – Митрополитот рече да се угледаме на Св. Јован и по неговите свети молитви да влеземе сите заедно во царството небесно рамо до рамо со сите оние кои од памтивек Му благоугодиле на Бога!  А м и н!

 

       

 

Известува: Миланка Тосева