Посета на претставници од Одделот за слободни црковни активности за Јужна Шведска (22.04.2008)
Во работна посета на македонската православна црква Свети Наум Охридски - Малме во понеделник 14.04.2008 година престојуваа преставници од (Bilda), Оддел за слободни црковни активности за Јужна Шведска. Гостите јеромонах отец Нектариј и г-ѓа Весна Станковиќ беа примени од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и парохискиот свештеник Прота-Ставрофор Блажо Кожарски.
Во разговорите посебно се нагласи досегашната добра соработка помеѓу двете институции. Со новата црква и новите простории Македонската Православна Црковна Општина во Малме има можности да ги зголеми своите активности.
Се разговарше и за други теми од православниот живот во Малме.
Известува: о. Блажо Кожарски