Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Претставници на државниот оддел за доделување на државни дотации на верски организации во посета на МПЦО „Свети Наум Охридски“ (23.04.2008)

Во работна посета на македонската православна црква Свети Наум Охридски - Малме во вторник 15.04.2008 година престојуваа преставници од (SST -Stockholm), државен оддел за доделување на државни дотации на верски организаци во Шведска. Гостите, генералниот секретар г. Jan-Erik Levy, неговиот заменик г. Sven-Erik Andersson  и нивниот соработник г. Gunnar Sandberg, по разгледувањето на новата црква и новите простории беа примени од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен. На средбата присуствуваа и парохискиот свештеник прота-ставрофор Блажо Кожарски и членови од Црковниот Одбор на МПЦО „Св.Наум Охридски“ - Малме.

Во разговорите посебно се нагласи досегашната добра соработка. Од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски  г. Пимен беше искажана благодарност и до Шведската влада што одвојува од својот буџет и преку овој орган ги дели на  верските организации во кои полноправно е и МПЦ.

Со новата црква и новите простории Македонската Православна Црковна Општина во Малме има можности да ги зголеми своите активности.

 

       

Известува: о. Блажо Кожарски