Лазарова сабота (23.04.2008)
На ден 19.04.2008 година , кога Светата Црква ги прославува Воскресението на Лазар, свети Методиј Солунски и свети Ефтихиј, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски и ѓаконот Илија Спасевски за првпат отслужи Света Архиерејска Литургија во градот Гиславед, Шведска.
Според зборовите на присутните ова е прва посета на православен архиереј на овој град во кој живеат повеќе од 50 семејства православни Македонци. Верниците од овој град ги опслужува парохискиот свештеник од МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Малме. Најмалку трипати во годината протоереј-ставрофор Блажо Кожарски богослужи во овој град. На Светата Литургија присуствуваа верници и од околните места, како и од други православни народи.
За време на Светата Литургија се причестија голем број на верници што претставуваше посебна радост за сите. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Пимен произнесе празнично слово по повод празникот, а потоа во просториитре на македонскиот клуб „Питу Гули“ во Гилавед изврши Водосвет.
Известува: о. Блажо Кожарски