Vesti i nastani
 
 
 
 
 

12-те Страдални евангелија (25.04.2008)

На 24.04.2008 година, на Велики Четврток, надлежниот Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил благоволи и оваа година да ги посети градските цркви во Куманово и да го изнесе Светиот крст на Христовото распјатие. Пред верниците Митрополит г. Кирил им се обрати и рече: „Во текот на овој Велигденски пост уверени сме дека во сите Божји храмови на нашата Света Црква тука на просторот на родна и мила библиска Македонија и во сите меридијани од земјината топка САД, Австралија, Нов Зеланд, Канада и многу европски земји, вистинските сеодајни чеда на светото Православие, откако си подадоа рака меѓу себе, а најнапред со најмилите и најсакани и побараа прошка, и со сите со кои што се сретнуваа во езедневието и откако според законите на нашата Света Црква поминаа време во пост, пристапија достојно кон светата животворна Причест - Крвта и Телото на Спасителот, соединувајки се со Бога. Денес е Велики Четврток, утре Велики Петок, во сабота кој не се потрудил да пристапи кон светата целебна Причест во текот на саботната отслужена Литургија да се потруди да се причести, а секако некои на самиот празник над празниците Светлото Воскресение Христово - Велигден. Да се потрудите што побројни со вашите рожби и внучиња да не пропуштите да примите Света Причест. Митрополитот Кирли ги нагласи големите чуда што ги направи Спасителот особено воскреснувањето на Лазар. Потоа се упатил Спасителот во Ерусалим на осле каде толпа народ му пееле: Осана во вишних”, а потоа истата толпа ќе извика: Распни го, распни”. 12-те Евангелија што ги читаме кажуваат за настаните што се случија со Спасителот, Неговата последна Тајна Вечера, предавството на Јуда (па затоа предавниците ги нарекуваме Јуда). Да Му се молиме на Спасителот Господ Исус Христос да нѐ следи Неговиот свет спасителен благослов, да царува Божјиот велигденски мир, радост, среќа во вашите благородни христијански семејства, да ве следи воскресенскиот благослов со одлично здравје, со слога, љубов, разбирање во вашите семејства, да ве дарува со поголем број дечиња, внучиња, што повеќе да се собираме за радост и да се множи нашиот сехристијански род, та да можеме дочекувајќи го Светлото Христово Воскресение не само оваа година, но за навек да торжествуваме, да пееме: Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие што беа во гробовите живот им даде. Да Му е слава во висините на Бога, на земјата мир и меѓу сите луѓе добра волја. Амин!

 

 

        

 

        

 

Известува: о. Живко Тодоровски