Второ Воскресение, Лондон (28.04.2008)
Во недела попладне, во црквата St. Mathew (Bayswater), Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Велигденска Вечерна богослужба на која Евангелието се прочита на македонски, англиски и романски јазик. На службата присуствуваа Нејзината Екселенција, Амбасадор на Р. Македонија за Велика Британија, г-ѓа Марија Ефремова, градоначалникот на лондонската општина Wandsworth, Mayor Councillor Stuart Thom, Отец Адам Скот, член на одборот на добротворната организација St. Barnabas House, како и многуброен верен народ кој притекна од цела Британија.
Оваа црква македонската заедница во изминатите години ја користеше за одржување велигденска литургија.