СООПШТЕНИЕ (30.04.2008)
Македонската православна црква годинава ја одбележува 50 – годишнината од обновувањето на Самостојната Охридска Архиепископија во лицето на нашата Света МПЦ и 60 години од невидениот егзодус во историјата, на децата бегалци од нивните вековни татковски и мајчински огништа на просторот од Егејска Македонија.
По тој повод, Ние Митрополитот Кирил, со нашите: архиерејски намесништва, свештенството, и преподобно монаштво, братски Ве покануваме на Реосветување на целосно возобновениот манастир ,,Св. Вмч. Ѓорѓи“ и осветување на целосно обновените манастирски конаци, на патрониот празник Ѓурѓовден – (06 мај вторник 2008 год.) во манастирскиот комплекс ,,Свети Ѓорѓи “ во с. Дељадровци. Свеченостите ќе отпочнат во 08,30 часот. Ќе началствува Митрополитот Кирил со голем број свештенослужители.
На овие јубилејни црковно – духовни – манифестации, се очекува масовно присуство на верни македонски чеда, од Полошко – кумановската и од другите епархии на Македонската Православна Црква, како и од диаспората. По Божествената литургија ќе се продолжи со сеопшта веселба.
Пеесет годишниот јубилеј од самостојното живеење на Македонската Православна Црква е судбински, спасоносен и оживотворувачки историски чин за родната ни мајка Светоклиментова Црква, за благородниот македонски народ и за наша родна и мила татковина - библиска Македонија.
Од Канцаларијата на
Полошко-кумановската епархија