Реосветување на единствената Македонска Лавра во Полошко-кумановската епархија при манастирскиот комплекс на свети Георгиј с. Дељадровце (06.05.2008)
На ден 06.05.2008 година, на празникот посветен во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, во македонската лавра во Полошко-кумановската епархија при манастирскиот комплекс на свети Георгиј, беше извршен чинот реосветување на возобновената манастирска црква која датира од 19 век, и која во целост е возобновена и фрескописана, а манастирскиот комплекс комплетно уреден. Реосветувањето го изврши нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополит Полошко-кумановски господин Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители од Кумановското, Тетовското и Гостиварското архиерејско намесништво.
По Светата Архиерејска Литургија, Митрополитот Кирил ги пресече славските колачи принесени од кумовите. Покрај реосветувањето на манастирската црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-кумановски господин Кирил ги освети и новоизградената импозантна крстилница како и манастирскиот конак со црковната трпезарија.
Местоположбата и убавините на инфраструктирното уредување на манастирскиот комплекс привлекоа голем број верници - посетители кои го збогатија чинот на реосветувањето, по што присутните продолжија со сеопшта црковно-народна веселба во кругот на овој комплекс со песни и ора и меѓусебни дружења.
подготвил: Диме Змејкоски